Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А4.7 – традиционални куќи за потреби на туризмот со најмногу 3 станбени единици (селски, планински, езерски), на КП 2246/1, КП 2246/2, КП 2247, КП 2264, КП 2267 и КП 2270, КО Панчарево, Општина Пехчево, со површина од 0,73 hа, согласно законот и од Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на Општина Пехчево, со Решение за формирање од 09.04.2025 година, а врз основа на член 62 став 3 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр. 32/20, 111/23, 171/24 и 224/24), го издава следното:
РЕШЕНИЕ
СЕ ОДОБРУВА Проектна Програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А4.7 – традиционални куќи за потреби на туризмот со најмногу 3 станбени единици (селски, планински, езерски), на КП 2246/1, КП 2246/2, КП 2247, КП 2264, КП 2267 и КП 2270, КО Панчарево, Општина Пехчево, со површина од 0,73 hа, Општина Пехчево,поднесена со барање број 11-1260/1 од 16.10.2026год., со Тех. бр. 12-06/26 од Октомври 2026 год.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Барателот Друштво за трговија, производство, градежништво, услуги и консалтинг ЧИП ГРОУП ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, до Комисијата за Урбанизам формирана од Градоначалникот на Општина Пехчево, поднесе Барање за Одобрување на Проектна Програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А4.7 – традиционални куќи за потреби на туризмот со најмногу 3 станбени единици (селски, планински, езерски), на КП 2246/1, КП 2246/2, КП 2247, КП 2264, КП 2267 и КП 2270, КО Панчарево, Општина Пехчево, со површина од 0,73 hа, Општина Пехчево, со Тех. бр. 12-06/26 од октомври 2026 год.
Со барањето ја приложи следната документација и докази:
- Предлог проектна програма
- Услови за планирање на просторот
Градоначалникот на Општина Пехчево по извршениот увид во приложената документација со барањето и предлогот за одобрување од Комисијата за урбанизам под бр. 11-1260/2 од 19.10.2026год., констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Законот за урбанистичко планирање ( ). Врз основа на тоа, а согласно член 62 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање донесе решение како во диспозитивот.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО:
Против ова решение, барателот може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одобрението до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.
Жалбата се таксира со 250,00 ден. административна такса.
Бр. 09-1355/1
од 03.11.2026 година
ГРАДОНАЧАЛНИК:
АЛЕКСАНДАР КИТАНСКИ
Пристапи преку следните линкови:
