Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.05/02 и Сл.Весник на РСМ бр.202/24) и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 13-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 27.10.2026 год (вторник). 13-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 10:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување на записникот од 11-та седница на советот на општина Пехчево;
- Усвојување на записникот од 12-та седница на советот на општина Пехчево;
- Предлог одлука за сопствено учество и одобрување на финансиски средства на Општина Пехчево во реализација на проектот – работно ангажирање на невработени лица по програмата 6. Програма за работно ангажирање – Јавни работи 2026 проект „За поубаво и почисто Пехчево“ општина Пехчево;
- Предлог одлука за користење на улиците со патнички, товарни моторни возила, автобуси специјални возила и мотоцикли;
- Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2025/2026 година;
- Предлог одлука за усвојување на шестмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период од 01.01.2026 до 30.06.2026 година;
- Предлог одлука за усвојување на Извештај за извршени работи во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период јануари – јуни 2026 година;
- Предлог одлука за определелување на висина на цена за собирање и транспортирање на комунален отпад од Пехчево и населените места во општина Пехчево;
- Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за член на управен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
- Предлог одлука за усвојување на измени на Годишен план за вработување во општина Пехчево за 2026 година;
- Предлог одлука за давање на позитивно мислење за измени и дополнувања на Статут на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево;
- Предлог одлука за усвојување на Кварталeн извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2026 година до 06.2026 година;
- Предлог одлука за усвојување на измени и дополнувања на Буџетот на општина Пехчево за 2026 година;
- Барање од граѓани;
- Советнички прашања;
Совет на општина Пехчево
Претседател
Миле Гошевски с.р.
