Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.05/02 и Сл.Весник на РСМ бр.202/24) и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 12-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 31.08.2026 год (понеделник). 12-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 10:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог одлука за давање согласност за формирање паралелки од I до IX одделение со помалку од 20 ученици во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево и подрачните училишта за учебната 2026/2027 година;
- Предлог одлука за усвојување на Годишен план за вработување во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2027 година;
- Барање од граѓани;
- Советнички прашања;
Совет на општина Пехчево
Претседател
Миле Гошевски с.р.
