Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.05/02 и Сл.Весник на РСМ бр.202/24) и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 3-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 23.12.2025 (вторник). 3-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 10:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување на записникот од втората седница на советот на општина Пехчево;
- Предлог одлука за усвојување на Буџетот на општина Пехчево за 2026 година;
- Предлог одлука за извршување на Буџетот на општина Пехчево за 2026 година;
- Предлог одлука за утврдување на вредност на бодот на платите на државните службеници за 2026 година;
- Предлог одлука за утврдување на висината на благајничкиот максимум за 2026 година;
- Буџетски календар за подготовка и донесување на Буџетот на општина Пехчево за 2026 година;
- Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работа на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2025 година;
- Предлог одлука за усвојување на Програма за работа на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2026 година;
- Предлог одлука за усвојување на програма за работа на Доброволно противпожарно друштво – Пехчево, за 2026 година;
- Предлог програма за здравствена и социјална заштита на општина Пехчево, за 2026 година;
- Предлог програма за еднакви можности меѓу жените и мажите на општина Пехчево и работа на КЕМ, за 2026 година;
- Предлог одлука за усвојување на програма со акциски план за спроведување на активности за превенција за детско престапништво, за 2026 година;
- Предлог одлука за усвојување на програма за работа на локален младински совет на Општина Пехчево, за 2026 година;
- Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за членови во управен и надзорен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
- Предлог одлука за усвојување на план за јавни набавки на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево, за 2026 година;
- Предлог програма за изградба, реконструкција и одржување на јавно осветлување на подрачјето на општина Пехчево, за 2026 година;
- Предлог програма за изградба, реконструкција и одржување на водоводи и канализациона мрежа, одржување и изградба на речни корита и уредување и изградба на вештачки системи во општина Пехчево, за период 2026 год;
- Предлог програма за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во општина Пехчево, за 2026 година;
- Предлог програма за изработка на планови за општина Пехчево, за 2026 година;
- Предлог програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Пехчево, за 2026 година;
- Предлог одлука за усвојување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на општина Пехчево, за 2026 година
- Предлог Програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Пехчево, за 2026 година;
- Барање од граѓани;
- Советнички прашања;
Совет на општина Пехчево
Претседател
Миле Гошевски с.р.
