Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 15-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 28.03.2023 година (вторник). 15-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на записникот од 14–та седница на советот на општина Пехчево;
2. Предлог одлука за усвојување на Кварталeн извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2022 година до 31.12.2022 година;
3. Предлог одлука за усвојување на Годишен финансиски извештај од работењето на општина Пехчево за 2022 година;
4. Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на општина Пехчево за 2022 година;
5. Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2022 година;
6. Предлог одлука за усвојување на полугодишен извештај за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2022/2023 година;
7. Предлог одлука за усвојување на развојна програма за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за период 2023 -2027 година;
8. Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на OOУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за 2022 година;
9. Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за членови во управен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
10. Предлог програма за здравствена и социјална заштита на општина Пехчево за 2023 година;
11. Предлог одлука за верификација на мандати на членови на Локален младински совет на општина Пехчево;
12. Предлог одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти;
13. Предлог програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во општина Пехчево за 2023 година;
14. Предлог одлука за усвојување на Годишен извештај за работата на овластениот комунален инспектор при општина Пехчево за 2022 година;
15. Барања од граѓани;
16. Советнички прашања;
17. Тековни активности;
c.p.Виол