Национална психолошко-мотивациска работилница „Од тишина до глас“ во Пехчево со Леон 23 и 24 Јуни 2025 Со длабока благодарност и соработка, со задоволство го најавуваме следниот чекор од нашата Национална психолошко-мотивациска турнеја „Од тишина до глас“, организирана од Градоначалникот на Општина Пехчево и Здружението за личен развој, едукација и психолошка помош и поддршка „Гласот од тишината“ – Скопје, под раководство на Амела Мемиш Апостоловска, Клинички психолог, основач и претседател на здружението, и Жанет Маркушова дипломатски член и сопруга на амбасадорот на Република Словачка во Скопје.
23 Јуни 2025 Во заедничка организација со: Градоначалникот Александар Китански, Директорката на детската градинка „7ми Септември“ – Гордана Вазлиска, Директорката на ООУ „Ванчо Китанов“ – Добрила Јовеска, ќе се одржи психолошко-мотивациска работилница за децата со попреченост, нивните родители и стручниот кадар кој секојдневно се грижи за најмалите. Оваа средба е посветена на: храбрите деца, семејствата што чекорат по својот пат со многу љубов и борба, и стручниот кадар кој со срце и посветеност ги следи нивните чекори.
24 Јуни 2025 Во Домот на културата „Јане Сандански“, под водство на Елица Јовевска – Советник за планирање на ЛЕР, ќе се одржи јавна трибина на тема: инклузија, родителство и психолошка поддршка.
24.06.2025 година (вторник), 17:00 часот – Дом на културата „Јане Сандански“ – Пехчево
За секој родител кој ќе присуствува, подготвивме и мало, но значајно изненадување како симбол на благодарност, признание и почит за вашата љубов, истрајност и посветеност.
Национална психолошко-мотивациска работилница „Од тишина до глас“ во Пехчево со Леон
Датум: