Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 13-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 03.02.2023 година (петок). 13-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на записникот од 12-та седница на советот на општина Пехчево;
2. Предлог одлука за користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејност и одредување на минимална површина за фрижидери пред деловните објекти за 2023 год;
3. Предлог одлука за давање согласност на одлуката од УО на ЈКП Комуналец за усогласување на платата на вработените, согласно закон за минимална плата;
4. Предлог одлука за усвојување на стратегија за родова еднаквост на регионот Делчево, Берово и Пехчево за периодот 2023-2026 година;
5. Предлог одлука за усвојување на акциски план на општина Пехчево за имлементација на регионална стратегија за родова еднаквост за периодот 2023-2026 година;
6. Предлог одлука за давање на користење движни ствари противпожарна опрема на доброволно противпожарно друштво Пехчево;
7. Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за членови во управен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
8. Предлог одлука за именување на член на надзорен одбор на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
9. Предлог одлука за давање согласност за Програма за екскурзија за ученици од 3, 6 и 9 одделение во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2022/2023 год;
10. Предлог одлука за разрешување и именување на член на училишен одбор во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево;
11. Предлог oдлука за разрешување и именување на член на Управен одбор на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево;
12. Предлог одлука за усвојување на годишна програма за финансирање на проекти од областа на културата на општина Пехчево за 2023 година;
13. Предлог одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Пехчево за 2023 година;
14. Предлог одлука за одобрување на приоритетен објект по проектот „Уредување на речно корито на Пехчевска река“ во Пехчево
15. Барања од граѓани;
16. Советнички прашања;
17. Тековни активности;