7 C
Pehčevo

    11-та седница на советот на општина Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 11-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 28.11.2022 година (понеделник). 11-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1.      Усвојување на записникот од десетата седница на советот на општина Пехчево;

    2.      Предлог програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Пехчево за 2022 година;

    3.      Предлог одлука за усвојување на Кварталeн извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2022 година до 30.09.2022 година;

    4.      Предлог одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Пехчево за 2022 година;

    5.      Предлог одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Пехчево, општина Берово, општина Виница, општина Делчево, општина Зрновци, општина Карбинци, општина Кочани, општина Македонска Каменица, општина Штип, општина Пробиштип и општина Чешиново Облешево;

    6.      Предлог одлука за формирање заедничка комисија за меѓуопштинска соработка помеѓу општина Пехчево, општина Берово, општина Виница, општина Делчево, општина Зрновци, општина Карбинци, општина Кочани, општина Македонска Каменица, општина Штип, општина Пробиштип и општина Чешиново Облешево;

    7.      Предлог одлука за определување на паричен надомест за одржана седница на членовите на управен одбор и надзорен одбор на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    8.      Предлог програма за работа на општински комунален инспектор на општина Пехчево за 2023 година;

    9.      Предлог програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2023 година;

    10.  Предлог програма за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2023 година;

    11.  Предлог програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани  кучиња за 2023 година;

    12.  Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за членови во управен и надзорен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    13.  Предлог одлука за утврдување на цените на услугите што ги дава ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево и износот на надоместокот на трошоците за престој, што паѓа на товар на родителите;

    14.  Предлог одлука за усвојување на одлуката од УО на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за висина на надоместок кој треба да го плаќаат екипите кои играат во спортската сала;

    15.  Предлог одлука за усвојување на измени и дополнувања на Програмата за уредување на  градежно земјиште на подрачјето на општина Пехчево за 2022 година;

    16.  Барања од граѓани;

    17.  Советнички прашања;

    18.  Тековни активности;

                                                                                                                                              

     

                                                                                                                                                                     Совет на општина Пехчево

                                                                                                                                     Претседател

                                                                                                                                             Виолета Ѓорѓиевска       

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...