Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам десетата седница на Советот на општина Пехчево за ден 31.10.2022 година (понеделник). Десеттата седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на записникот од деветтата седница на советот на општина Пехчево;
2. Предлог одлука за усвојување на Годишен план за вработување во JKП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2023 година;
3. Предлог одлука за усвојување на анекс на годишната програма за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2022/2023 година – Програма за работа во продолжен престој со ученици од различни паралелки и различни одделенија;
4. Предлог одлука за давање на позитивно мислење за измени и дополнувања на Статутот на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево;
5. Предлог одлука за одобрување на приоритетен објект по проектот ,,Поврзување на локални патишта,, финансиран со заем од Меѓународна банка за обнова и развој – Светска банка;
6. Предлог одлука за усвојување на финансиски извештај за фестивалот на дувачки оркестри Пехчевски павловден 2022 година;
7. Предлог oдлука за давање на користење движна ствар товарно возило Марка – IVECO ИВЕКО за собирање на комунален отпад на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
8. Предлог одлука за формирање комисија за селекција за проверка на податоци по јавен повик за членови на управен и надзорен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
9. Предлог одлука за усвојување на годишен план и програма за работа на фудбалска школа на подрачјето на општина Пехчево;
10. Предлог одлука за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Пехчево и општина Берово – овластен проценител на недвижен имот;
11. Предлог одлука за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Пехчево и општина Берово – овластен градежен инспектор;
12. Барања од граѓани;
13. Советнички прашања;
14. Тековни активности;