,, Функционирање на земјоделска задруга ‘‘ е тамата на трибината која денеска 18.09.2013 година (среда) во салата за состаноци на општина Пехчево ќе се одржи во организација на Федерацијана на фармери на Република Македонија и општина Пехчево.
На трибината ќе присуствуваат експерти од оваа област, претседателот на ФФРМ, Адријана Секуловска, Стојан Лазаров и Гоце Џуровски.
Целта на средбата е да се разговара за подобрување на квалитетот на земјоделските производи, основање и функционирање на земјоделските задруги , но и презентација за тоа како се станува член во ФФРМ и услуги на ФФРМ.
За таа цел општина Пехчево и Федерацијата на фармери на Република Македонија, сите заинтересирани граѓани ги покануваат да присуствуваат на оваа трибина.
АГЕНДА
14:00 – 15:00 Средба со градоначалникот на Пехчево и потпишување на Меморандум
16:00 – 17:30 Поздравни говори:
Игор Поповски – Градоначалник на општина Пехчево
Андрија Секуловски – Претседател на ФФРМ
Презентација: Како се станува член во ФФРМ и услуги на ФФРМ
Дискусија
Презентација: Основање и функционирање на земјоделски задруги
Дискусија