Денес во кабинетот на градоначалникот на Општина Пехчево, беше конституиран новиот Совет. За претседател со мнозинство гласови е избрана Виолета Ѓорѓиевска, од независната советничка листа.
Свечената седница ја започна поранешниот претседател на Советот Николчо Јовчев, кој им честиташе на сите избрани советници, а честитка упати и до новиот градоначалник Александар Китански.
На свечената конститутивна седница, пред изборот на Претседателот на Советот, во отсуство на најстариот советник Огнен Миовски, претседаваше, Љупчо Костадинов, при што се изврши верификација на мандатот на членовите на новиот состав на Советот на Општина Пехчево, по што новите членови на Советот дадоа свечена изјава. Верификацијата на мандатот на членот на Советот кој не беше присутен на првата седница на Советот – Огнан Миовски, ќе се изврши на првата седница на која тој ќе присуствува.
За новиот претседател на Советот на Општина Пехчево, Виолета Ѓорѓиевска, претседателската функција е можност да се придонесе во развојот на Општина Пехчево. Ѓорѓиевска истакна дека превземањето на обврските, односно позицијата претседател на Совет или прв меѓу еднаквите ќе ја исполнува во целост и дека довербата која им е дадена од граѓаните ќе ја оправдаат со конструктивна работа, сериозни предлози и добри одлуки во интерес на сите граѓани.
Градоначалникот Александар Китански им го честиташе мандатот на новите советници и порача да работат исклучиво во интерес на сите граѓани.
„Најпрво дозволете ми да ве поздравам од мое лично име, да ви честитам за освоените мандати на сите советници без разлика на политичката припадност. Честитки до Виолета Ѓорѓиевска, претседателот на Советот на Општина Пехчево, за кој што сум сигурен дека со меѓусебна соработка во иднина ќе имаме само успеси и сите заеднички ќе работиме во интерес на граѓаните“ – порача градоначалникот на Општина Пехчево, Китански.
Инаку, на првата конститутивна седница беше избран новиот состав на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.
Советници во општина Пехчево:
1. |
Виолета Ѓорѓиевска, независна советничка листа; |
2. |
Николчо Спасевски, ВМРО – ДПМНЕ и коалиција; |
3. |
Валентина Станоевска, ВМРО – ДПМНЕ и коалиција; |
4. |
Миле Гошевски, ВМРО – ДПМНЕ и коалиција; |
5. |
Цветанка Каракашевска, ВМРО – ДПМНЕ и коалиција; |
6. |
Борче Пандурски, ВМРО – ДПМНЕ и коалиција; |
7. |
Елена Михаилова, СДСМ и коалиција; |
8 |
Љупчо Костадинов, СДСМ и коалиција; |
9. |
Ирена Мачевска, СДСМ и коалиција; |
10. |
Огнан Миовски, СДСМ и коалиција; |
11. |
Спаско Ингилизов, независна советничка листа; |