Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.06/2016 и 05/2019), ja свикувам 34-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 21.12.2020 година (понеделник). 34-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево со почеток во 11:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување на записникот од 33-та седница на советот на општина Пехчево;
- Предлог одлука за усвојување на Буџет на општина Пехчeво за 2021 година;
- Предлог одлука за извршување на буџетот на општина Пехчево за 2021 година;
- Предлог одлука за утврдување вредност на бодот за платите на државните службеници за 2021 година;
- Предлог одлука за утврдување на висината на благајничкиот максимум за 2021 година;
- Предлог oдлука за усвојување на Буџетскиот календар на општина Пехчево за 2022 година;
- Предлог одлука за усвојување на програма за работа на советот на општина Пехчево за 2021 година;
- Предлог oдлука за ненаплаќање на комунална такса за користење на простор пред деловни простории за вршење на дејност во општина Пехчево за време на вонредната состојба;
- Предлог одлука за користење на улиците со патнички, товарни моторни возила, автобуси, специјални возила и мотоцикли за 2021 година;
- Предлог одлука за користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејност и одредување на минимална површина за фрижидери пред деловните објекти за 2021 год;
- Предлог одлука за плаќање на фирмарина, односно назив на деловна просторија за 2021 година;
- Предлог одлука за купување, отуѓување и оптоварување на недвижен имот во сопственост на општина Пехчево за 2021 година;
- Предлог одлука за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот (Земјоделско земјиште) за 2021година;
- Предлог одлука за утврдување на зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот, утврдување на пазарна вредност на градежно земјиште за град Пехчево и населените места во општина Пехчево и утврдување на пазарна вредност на недвижности и права на земјоделско земјиште за 2021 год;
- Предлог одлука за отпис на комунална такса за истакната фирма и данок на имот за 2021 година;
- Предлог одлука за определување на дефицитарни занимања и занаети во изумирања на територијата на општина Пехчево за 2021 година;
- Предлог одлука за утврдување на висината на стапката на данок на имот за 2021 година;
- Предлог одлука за утврдување на висината на стапката на данок на наследство и подарок за 2021 година;
- Предлог одлука за утврдување на висината на стапка на данок на промет на недвижности за 2021 год;
- Предлог oдлука за условите што мора да ги исполнуваат објектите за нештетно отстранување на животински мрши за 2021 година;
- Предлог oдлука за посебни сообраќајно технички мерки за забавување на сообраќајот за 2021год;
- Предлог одлука за формирање на Комисија за објекти кога постои опасност од уривање за 2021 год;
- Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работа на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2020 година и Програма за работа на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2021 година;
- Предлог oдлука за усвојување на годишен извештај на проекти од областа на културата на општина Пехчево за 2020 година;
- Предлог oдлука за усвојување на годишна програма за финансирање на проекти од областа на културата на општина Пехчево за 2021 година;
- Предлог одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намените на бесправно изградените објекти со намените на земјиштето за КП бр.165 KO Пехчево – Нада Сасанска;
- Предлог одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намените на бесправно изградените објекти со намените на земјиштето за КП бр.908 КО Пехчево – Илија Галазов;
- Предлог одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намените на бесправно изградените објекти со намените на земјиштето за КП бр.161 КО Пехчево – Сашко Мазаров;
- Предлог одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намените на бесправно изградените објекти со намените на земјиштето за КП бр.586/1 КО Пехчево – Љупчо Кажлевски;
- Предлог одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намените на бесправно изградените објекти со намените на земјиштето за КП бр.317 КО Пехчево – Бојчовски Димитар;
- Предлог одлука за усвојување на Програма за работа на одделението за урбанизам, комунални дејности, заштита на животната средина и ЛЕР, при општина Пехчево за 2021 година;
- Предлог одлука за усвојување на Студија за валоризација на природните вредности на Малешевските планини и Влаина со предлог за фомирање на заштитено подрачкје ,,Малешево,,
- Предлог одлука за отпочнување на процедура за прогласување на заштитено подрачје Малешево;
- Барања од граѓани;
- Советнички прашања;
- Тековни активности;
Совет на Општина Пехчево
Претседател
Николчо Јовчев с.р