-1.9 C
Pehčevo

    Младите љубители на велосипедизмот ќе имаат шанса да бидат дел од еко настанот „Вело – родео“

    Датум:

    Вело настан

    Општина Пехчево и здружението „Еко Логик“, по повод одбележувањето на Европската недела на мобилност, а во рамките на спроведувањето на проектот „Вело училиште“, на ден 22.09.2020 (вторник) со времетраење од 3 часа односно во периодот од 13:00-16:00 ч во Едукативниот центар за зачувување на природата во с.Негрево – Општина Пехчево, ќе се одржи настанот Вело родео.  Целта на настанот е зголемување и унапредување на знаењето на учениците, нивните родители, наставниците и секако пошироката јавност во развивање на вештините и способностите за безбедно возење велосипед, а и активно и едукативно да се забавуваат преку едукативни игри.

    Живко Каликов – одговорен за односи со јавноста во општина Пехчево ги повикува сите млади и активни сограѓани да дојдат во Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево и да ги увидат придобивките од користење на велосипред како превозно средство.

    – Сите млади и активни сограѓани, кои се љубители во велосипедизмот можат да дојдат со својот велосипед и низ дружба и забава да ги увидат придобивките од користење на ова превозно средство. Настанот Вело родео овозможува учениците преку игра, забава и едукација да ја пренесат пораката за придобивките од возење велосипед како баланс, безбедност, сигнализација, контрола, тргнување, забрзување и запирање, а и активно да се забавуваат преку едукативни игри. Организацијата на вакви настани придонесува до поголема физичка активност кај младите, поточно за момент да ги остават телефоните и другите електрични уреди и да бидат активни, рече Живко Каликов.

    Имено, Вело родео е настан од отворен карактер на кој учество може да земат сите заинтересирани ученици од училиштето „Ванчо Китанов“ од 4-то до 9-то одделение кои имаат желба да возат велосипед како и активно и едукативно да се забавуваат преку подготвените едукативни игри како: Не лути се човече (во реална големина), сложувалки, Вело меморија, Еко квиз и голем број на други активности.

    Инаку, заинтересираните ученици во рамките на овој проект ќе имаа можност во текот на неделата со свои творби и дела да учествуваат на отворениот и јавен литературен и ликовен конкурс на теми поврзани со климатските промени и размислувањата на најмладите за создавање на вело градови, вело маала.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...