Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.06/2016 и 05/2019), ja свикувам 32-рата седница на Советот на општина Пехчево за ден 16.09.2020 година (среда). 32-рата седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, (голема сала) со почеток во 13:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување на записникот од 31-та седницана советот на општина Пехчево;
- Предлог oдлука за усвојување на годишен извештај за работа на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за учебната 2019/2020 година;
- Предлог oдлука за усвојување на годишна програма за работа на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за учебната 2020/2021 година;
- Предлог oдлука за усвојување на извештај за работа на Полициска канцеларија – Пехчево за прво полугодие на 2020 година;
- Предлог oдлука за усвојување на Проценката на загрозеност на подрачјето на општина Пехчево од сите ризици и околности за 2020 година;
- Предлог oдлука за усвојување на годишен план за вработување во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2021 година;
- Предлог oдлука за усвојување на шестмесечен извештај за финансискoто работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период јануари – јуни 2020 година;
- Предлог oдлука за усвојување на Извештај за извршени работи во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период јануари – јуни 2020 година;
- Предлог oдлука за усвојување на годишен план за вработување во ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2021 година;
- Предлог одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Пехчево за 2020 година;
- Барања од граѓани;
- Советнички прашања;
- Тековни активности;
Дополнување на дневен ред
- Предлог одлука за давање на согласност на Одлуката на Здружението за рурален развој ЛОКАЛНА АКЦИОНА ГРУПА МАЛЕШ-ПИЈАНЕЦ с.Негрево, Пехчево, за обврски во однос на спроведување на активности на ЛАГ Малеш–Пијанец поддржани од Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој–Мерка 412 и 413;
Совет на Општина Пехчево
Претседател
Николчо Јовчев с.р