8.1 C
Pehčevo

    ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА по Предлог Детален Урбанистички План Панорама, општина Пехчево за планскиот период 2020 – 2025

    Датум:

    ДУП Панорама

    Врз основа на член 35, став 3 од законот за просторно и урбанистичко плниерање ( сл. Весник на РМ  бр.199/2014, 44/2015, 193/2015, 31/2016 и 163/2016)  Градоначалникот на општина Пехчево го дава, објавува следното

    С О О П Ш Т Е Н И Е

          Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на опшина Пехчево донесе решение за спроведување на ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА  по Предлог Детален Урбанистички План Панорама, општина Пехчево за планскиот период 2020 – 2025 година. Границите на опфатот се следнитe :                         

    – На север границата се протега по осовината на ул.„8-ми Март“

    – На исток границата се протега по осовината на улица „Ванчо Китанов“

    – На југ границата се движи по јужната граница на КП4112/3 и КП4115/2,

    односно се движи по границите на наменските зони според ГУП за Општина

    Пехчево 1999-2010г.

    – На запад границата се движи по западната граница на КП1130, односно се

    движи по границите на наменските зони според ГУП за ОпштинаПехчево 1999-2010г.

    Предлог Детален Урбанистички План Панорама  за плански период 2020 – 2025 ќе биде изложен во салата за состаноци и огласната табла на општина Пехчево.

    Јавната анкета ке трае од 27.07.2020 година до13.08.2020.година секој работен ден .

    Во наведенио период и време заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.

    Јавната презентација ќе се одржи во салата за состаноци  во зградата на опшина Пехчево на ден 27.07.2020 година (понеделник ) со почеток во 11,00часот.

    Стручната служба при општина Пехчево ќе дава објаснување секој работен ден од 08,00до 15,00.часот.

                                                               ОПШТИНА ПЕХЧЕВО, Градоначалник:

    Драган Тренчовски с.р.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...