4.4 C
Pehčevo

    Дневен ред на дваесет и девета седница на Советот на општина Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.06/2016 и 05/2019), ja свикувам 29-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 05.05.2020 година (вторник). 29-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, (голема сала) со почеток во 11:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

     

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Усвојување на записникот од 28-та седница на советот на општина Пехчево;
    2. Предлог oдлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Пехчево за 2020 година;
    3. Предлог програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Пехчево за 2020 година;
    4. Предлог oдлука за усвојување на годишен извештај за работењето на центарот за развој на источен плански регион за 2019 година;
    5. Предлог oдлука за усвојување на годишен извештај за спроведување на програмата за развој на источен плански регион 2015-2019 за 2019 година;
    6. Предлог oдлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2020 година до 31.03.2020 година;
    7. Предлог oдлука за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Пехчево и општина Берово;
    8. Предлог oдлука за усвојување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на општина Пехчево за 2019 година;
    9. Предлог oдлука за усвојување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на општина Пехчево за 2020 година;
    10. Предлог oдлука за усогласување на намените на УДНМ за село Робово,
      во однос на легализација на објектите надвор од дефиниран опфат на планот
      за КП 1855, КО Робово вон-село, по барање на Мијалков Ванчо од Робово;
    11. Предлог oдлука за уплата на чланарина на Здружение за рурален развој – Локална акциона група Малеш – Пијанец за 2020 година;
    12. Предлог oдлука за усвојување на регионален план за унапредување на шумите во Малешевскиот регион (Берово и Пехчево) со акциски план 2020-2025;
    13. Предлог програма за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2020 година;
    14. Предлог програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2020 година;
    15. Барање од ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
    16. Предлог oдлука за донесување на Урбанистички план за село Чифлико, општина Пехчево плански период 2016 – 2026 година;
    17. Барања од граѓани;
    18. Советнички прашања;
    19. Тековни активности;

    Совет на општина Пехчево

                                                                                                            Претседател

                                                                                                            Николчо Јовчев с.р

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...