Градежните работи за реализација на проектот “Изградба на дел од Ул. “1” во индустриската зона „Чуката“ Пехчево се во полн ек во контекст на заложбите на локалната самоуправа за подобрувањето на патната инфраструктура и подобрување на квалитетот на живот на жителите на општина Пехчево.
Изведбата на дел од Ул. “1” во индустриската зона подразбира асфалтирање на индустриска улица со ширина на коловозот од 7 м. и должина од 120 м. со тротоарски патеки од двете страни на патот и претставува прва фаза од подобрувањето на вкупната инфраструктура во индустриската зона во насока на подобрување на условите за работа на постоечките стопански субјекти и создавање на предуслови за привлекување и отворање на нови производни капацитети.
Проектот се имплементира преку Центарот за развој на Источен плански регион – Штип со финансиски средства обезбедени преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 год. на Биро за регионален развој, Министерство за локална самоуправа и дополнително кофинансирање од страна на општина Пехчево.
Вкупната вредност на проектот изнесува 2,791,500.00 денари, а изведувач на работите е СТОИМЕНОВ дооел Кочани.
Рокот за изведба е до 31.07.2019 год.