Жешки ноќи во Пехчево најавува деветото издание на Фестивалот на трубите во Пехчево. Малешевијата ќе ечи од виртуозите на труба, на 12 и 13 јули.
Традицијата на трубите во Малешевијата, понудена како атракција на натсвирување на македонските виртоузи на труба, претставува туристичка понуда за гостите во Малешевијата, но и економски бенефит за локалната економија.
Најреномираната културна манифестација во Малешевијата и поширокиот регион годинашното 9-то издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2019 и овојпат, согласно реномето, ќе понуди врвни музички доживувања.
Екс ЈУ ѕвездата, поп-рок пејачот Ален Исламовиќ и неговиот бенд „Кад би било бјело дугме“ ќе биде главна ѕвезда на деветото издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2019, што ќе се одржи 12-13 јули во Пехчево, во организација на општина Пехчево, а со поддршка на главните спонзори Хотел Гогов, Кит-го маркети и ДИК Фагус Пехчево и др.
Миленикот на младите, но и на постарите Ален Исламовиќ на 13 јули ќе одржи голем концерт на плоштадот Св. Петар и Павле во Пехчево.. Сите негови старо-нови хитови присутните во публиката ќе имаат ретка привилегија заедно со него да ги отпеат во еден здив.
На плоштадот е планирано поставување на штандови со скара и пиво. Инаку,се очекуваат најголемите виртуози на трубата и познати пејачи од земјава и странство да настапат на прекрасната сцена на плоштадот во Пехчево.
Ќе можете да уживате во хитовите на познатите имиња со ладно пиво и добра скара.
Доколку сакате незаборавна вечер и одлична забава, Ви препорачуваме нека тоа биде една Ваша убаво помината летна јулска ноќ во Пехчево.