По повод месецот на книгата, денеска во просториите на детската градинка „7ми Септември“ се одржа интерактивна настава во соработка со Матична библиотека „Кочо Рацин“ и средната група дечиња од детската градинка „7 ми Септември“ од Пехчево.
Активноста се состоеше од интерпретација на сказната „Црвенкапа“ од страна на библиотекарката Габриела Костадинова.
Таа им ја прочита приказната на дечињата, а тие имаа за задача да одговараат на поставените прашања. Целта на оваа интерактивна настава беше да се види колку дечињата од средната група кои не знаат да читаат сепак можат да ја перцепираат и меморираат содржината на сказната.
Сите дечиња беа активно вклучени и точно одговорија на поставените прашања од страна на Габриела Костадинова. Но, тоа не беше се. И дечињата со учителката Розмарина Мицевска на вработените од библиотеката им ја подготвија приказната „Трите мечиња“, каде преку цртежи дечињата ја прераскажаа приказната.
Бидејќи активноста беше успешно реализирана како награда за нивниот труд директорката на библиотеката Јасмина Цековска им додели подарарок на секое дете.