По повод светска недела на детето која традиционално се одбележува првата недела од месец октомври, прием на децата организираше градоначалникот Драган Тренчовски.
Први кои му кажаа доброутро и му го разубавија денот, беа децата од градинката ,,7 Септември “ кои со пријатни изненадувања на градоначалникот денот му го збогатија со детска насмевка.
Децата се запознаа со работата на вработените во општината. При оваа посета, едукативно беа запознаени од наставничките, директорката и градоначалникот, за значењето и функцијата која ја спроведува општината на локално ниво. Како општината воопшто игра клучна улога,во општественото живеење на поединецот.
Топло добредојде им посака градоначалникот на Пехчево Тренчовски, ги поздрави учениците и воспитно-образовниот кадар и им додели пригодни подароци за дечињата. Тој им одговори на децата на сите интересни прашања, за плановите на општината во однос на нејзиното урбанистичко уредување, изградба на паркови и многу други прашања.
-Минувајте го слободното време во дружење, спортување и учење, бидејќи моќта е во знаењето. Сакајте ги своите родители, сакајте го своето семејство и почитувајте ги најблиските. Општината е достапна во секое време и сите можат да ја посетат кога сакаат, а посебно се радувам на ваквите посети на дечињата кои се нашата иднина, нашето најголемо богатство, оние на кои најмногу им се радуваме и ги сакаме. Ви се заблагодарувам што не посетивте и ви посакувам многу успеси, рече Тренчовски.
Децата од градинката на градоначалникот му покажаа што знаат и умеат, му пееја песнички и му подарија рачна изработка на слика по повод Светската недела на детето, а тој ги прошета низ просториите на општината покажувајќи им што и како се работи.