6.7 C
Pehčevo

    Амадеус и Хари Мата Хари се ѕвездите на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2018

    Датум:

    Жешки ноќи во Пехчево најавува осмото издание на Фестивалот на трубите во Пехчево.

    Од 12 до 14 јули во Општина Пехчево ќе се одржи осмото издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2018. Најреномираната културна манифестација во Малешевијата и поширокиот регион Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2018 и овојпат, согласно реномето, ќе понуди врвни музички доживувања, а Малешевијата ќе ечи од виртуозите на труба и познати пејачи од земјава и странство.

    Годинава за младите, но и за повозрасните, главни ѕвезди на ревијалниот музички дел од фестивалот ќе бидат групите Амадеус и Хари Мата Хари.

    Амадеус бенд

    Во петок, на 13 јули свој спектакл ќе има еден од најенергичните бендови на балканските простори – Амадеус бенд од Србија.

    На 14 јули фестивалот ќе го затвори Хари Верешановиќ кој е предводник на бендот Хари Мата Хари кој постои уште од 1984 година. На нивниот ексклузивен концерт групата ќе ги изведе најголемите хитови: Лејла, Страх ме да те волим, Баш ти лијепо стоје сузе, Као домине, Откуд ти ко судбина и многу други.

    Хари Мата Хари

    За време на нивните настапи се очекуваат голем број посетители и љубители на добрата музика, вкусната скара и разновидни пива.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...