Градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски вчера изврши увид во градежните работи на домот во село Панчарево , кој се реконструира и адаптира, со што ќе се обезбедат услови за користење на салата за разни манифестации и настани.
Реконструкцијата на објектот е во завршна фаза. Село Панчарево заслужува да има ваков репрезентативен и мултифункционален објект кој ќе биде во интерес на сите жители на селото и на сите граѓани на општината за локален културен развој на општината.
-Овој проект е по долгогодишно барење на сите жители на селото и еве веќе сме во завршна фаза да го реализираме. Се заложив и ветив дека Домот во село Панчарево ќе го реконструираме и еве реконструкцијата е веќе при крај. Завршена е кровната конструкција на објектот, а деновиве ќе почнеме и со поставување на врати, прозорци и нов плафон во салата со што ќе се обезбедат услови за користење на салата за разни манифестации и настани, а ќе се заштитат и другите простории кои се во склоп на домот, истакна градоначалникот Тренчовски.
Средствата за реализација на проектот се обезбедени преку Бирото за регионален развој и општина Пехчево со вкупна вредност од 2 141 622 денари. Изведувач на работите е фирмата Баџак Инженеринг ДОО Скопје.