Во просториите на ресторан „Тропик“, а во организација на матичната библиотека „Кочо Рацин“, вчера со литературно читање и изведба на драмата „Заспаниот Стојанче“ се одржа завршната манифестација на месецот на книгата.
Библиотекарката Габриела Костадинова напреви ретроспектива на активностите кои ги спроеведуваа по повод месецот на книгата.
-Месецот на книгата го започнавме на 17 Октомври во детската градинка 7ми Септември со најголемата група забавачиња каде спроведовме интерактивна настава, а го завршуваме денес на 15 Ноември со низа други манифестации“-истакна водителката и библиотекар Габриела Костадинова, која ги поздрави присутните и им посака пријатни мигови истакнувајќи го значењето на книгата и нејзиното влијание врз човекот и придобивките од читањето.
На манифестација учествуваа две групи ученици Едните беа во улога на актери и глумци кои ја изведоа преставата „Заспаниот Стојанче“, чии текст го напиша наставничката Оливера Кратевска. Сите деца актери во претставата добија книга од директорката на библиотеката Јасмина Цековска.
Додека, другата група ученици беа во улога на поети и поетеси и читаа нивни литературни творби на тема „Книгата-мојот волшебен свет“.
Публиката беше во улога на жири комисија и додели прва, втора и трета награда на следниве ученици.
Третото место го доби Димитар Симовски, второто место го доби Лина Велковска, а првото место од публиката го освои Елена Тодоровска.
Габриела Костадинова им додели дипломи и книги на наградените ученици, а на останатите учесници им додели благодарници и книги за учество по повод месецот на книгата.
На манифестацијата присуствуваше и градоначалник на општина Пехчево Драган Тренчовски.