Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Николчо Јовчев донесе решение за свикување на 2-ра седница на советот.
2-та седница на Советот на општина Пехчево е закажана за петок 17.11.2017 година, со почеток во 13 часот.
Седницата ќе се одржи во просториите на Едукативен центар за зачувување на природата во с.Негрево, со предлог на следниот:
ДНЕВЕН РЕД
за 2-та седница на советот на Општина Пехчево
- Предлог одлука за формирање на Комисија за Статут и прописи;
- Предлог одлука за формирање на Комисија за финансирање, Буџет и локален економски развој;
- Предлог одлука за формирање на Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина;
- Предлог одлука за формирање на Комисија за изработка на Програма на Советот на општина Пехчево;
- Предлог одлука за формирање на Комисија за заштита на пациентите;
- Предлог одлука за формирање на Комисија за одбележување на значајни настани;
- Предлог одлука за формирање на Комисија за општествени дејности;
- 8. Предлог одлука за формирање на Комисија за венчавки;
- 9. Предлог одлука за формирање на Комисија за еднакви можности на жените и мажите;
- 10. Предлог одлука за формирање на Комисија за заштита на потрошувачите;
- Предлог одлука за усвојување на годишната програма за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2017/2018 година;
- Предлог одлука за давање согласност за Програма за екскурзија за ученици од 3, 6 и 9 одделение во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево;
- Предлог одлука за поништување на Одлуката за измените и дополнувањата на Буџетот на ОЈУДГ ,,7 Септември – Пехчево за 2017 година;
- Предлог одлука за поништување на Одлуката за краткорочно задолжување на oпштина Пехчево бр. 08-511/1 од 09.05.2017 година;
- Предлог одлука за краткорочно задолжување на општина Пехчево;
- Предлог одлука за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2017 година до 30.06.2017 година;
- Предлог одлука за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2017 година до 30.09.2017 година;
- Предлог одлука за разрешување и именување на членови на Управен одбор во ЈЗУ Здравствен Дом – Пехчево;
- Предлог одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од Пехчево за стопански комплекс со намена Г2 – лесна индустрија на (КП бр. 2147/1, КП бр.2147/2, КП бр.2147/3 и КП бр.2149) во м.в. ,,Грозил″ КО Пехчево – општина Пехчево;
- Барања од граѓани;
- Советнички прашања;
- Тековни активности
Совет на општина Пехчево
Претседател
Николчо Јовчев