7 C
Pehčevo

    Проектот „Платформа за меѓуграничен фестивалски туризам на полето на културата и традициите“ презентиран во Пехчево

    Датум:

    Со проект финансиран од Ипа програмата за прекугранична соработка Пехчево и Брезница од соседна Бугарија заедно ќе работат на развој на фестивалскиот туризам.

    Со проект финансиран од Ипа програмата за прекугранична соработка Пехчево и Брезница од соседна Бугарија заедно ќе работат на развој на фестивалскиот туризам.

    Проектот „Платформа за меѓуграничен фестивалски туризам на полето на културата и традициите“ денеска беше презентиран во Пехчево, кој има и уникатно лого, каде се исцртани планините Пирин и Влаина и сонцето кое ја осветлува фестивалската сцена со порака „Види ја културата, вкуси ја традицијата и слушни ги фестивалите“.

    Преку овој проект ќе се подобрат туристичките потенцијали на регионот за зачувување и одржливо користење на природните и културните богатства, а Пехчево ќе ја изработи и стратегијата за развој на туризмот, истакна градоначалникот Игор Поповски.

    Со проект финансиран од Ипа програмата за прекугранична соработка Пехчево и Брезница од соседна Бугарија заедно ќе работат на развој на фестивалскиот туризам.

    -Проектот е интересен за нас како општина, бидејќи туризмот кај нас е во подем и е наша стратешка цел за економски развој. Во самиот проект имаме инфраструктурни градби и очекуваме да се развие туризмот, бидејќи ќе ги потенцираме и нашите туристички потенцијали, а ќе добиеме и стратегија за развој на туризмот, рече Поповски.

    Освен фестивалите, во рамките на проектот, Пехчево ќе добие и туристичко-информативно биро и летна сцена каде ќе се одржуваат културните настани. Проектот е финансиран преку Ипа програмата за прекугранична соработка и е вреден 457 илјади евра, а 15% учество има и Владата на Р.Македонија.

    Никола Каракашов, координатор на проектот во Општина Пехчево, истакна дека овој проект двете општини ќе го работат наредниве две години.

    -Една од целите на проектот е да разменуваме искуства, како и да се подобри постоечката рурална туристичка понуда за одржлив развој на прекуграничниот регион, преку соработка во областа на фестивалскиот туризам. Во таа смисла, Пехчево веќе има еден востановен фестивал, тоа е Фестивалот на дувачки оркестри кој е единствен ваков фестивал во земјава, но во подготовка сме на уште еден фестивал кој исклучиво ќе биде наменет за фолклорот и традицијата, рече Каракашов.

    Со проект финансиран од Ипа програмата за прекугранична соработка Пехчево и Брезница од соседна Бугарија заедно ќе работат на развој на фестивалскиот туризам.

    Теодорина Тодорова, координатор на Проектот од Брезница потенцираше дека искуството на Пехчево за организирање фестивали ќе биде искористено за да може и Брезница да започне нова традиција и да организира фестивал и во Брезница.

    -Благодарение на Општина Пехчево што се согласија заедно да го направиме овој проект, кој е втор проект по големина на Ипа програмата и да ги финансираме фестивалите од двете страни. Општина Брезница нема такво искуство како Пехчево во организирање фестивали и затоа ние ќе ги користиме искуствата на Пехчево за да организираме нов фестивал во Бугарија, за да ги покажиме традициите,обичаите, природното и кутурното наследство во овој дел од Бугарија.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...