-1.9 C
Pehčevo

    Во исчекување на празникот Богојавление – Водици. Подготовките привршуваат!

    Датум:

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата ,, Св. Петар и Павле ‘‘ и ЈКП Комуналец и оваа година традиционално организираат празнување на големиот христијански празник Богојавление Водици.

    Верниците од Пехчево ќе имаат можност да присуствуваат на осветувањето на водата во реката Писа.

    По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, црквата ,, Св. Петар и Павле ’’ ќе одржи света божествена литургија. Литургијата ќе започне во 8 часот, додека чинот на фрлањето на светиот крст во водата на реката Писа е најавено за во 10 часот во центарот на Пехчево.

    Задолжително за сите учесници кои ќе скокаат во водата по светиот крст треба да извршат медицински преглед кај својот матичен лекар.

    За најсреќниот учесник што ќе го фати богојавленскиот крст предвидени се награди од градоначалникот на општина Пехчево и црквата ,, Свети Петар и Павле ’’.

    Како што е и традицијата, оној кој ќе биде најсреќен и ќе го фати крстот во реката Писа, од локалната самоуправа ќе добие LCD телевизор.

    За многубројните посетители на оваа манифестација, која од година во година станува се помасовна, локалната самоуправа традиционално обезбедува бесплатни топли пијалоци (ракија и вино) за сите присутни.

    Водици или Богојавление е денот на кој според христијанското предание Јован Крстител го крстел Исус Христос во реката Јордан. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата, а кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...