4.4 C
Pehčevo

    Сузана Турунџиева ги расплака сите на промоцијата на нејзините книги во Пехчево

    Датум:

    Пехчевската јавност имаше можност да присуствува на еден несекојдневен настан, промоција на книгите на Сузана Турунџиева, на кој пејачката, книжевник и водител, Турунџиева ги презентираше нејзините книжевни дела.

    По повод Нова Година библиотеката „Кочо Рацин“ организираше промоција на творештвото на Сузана Турунџиева, која се одржа во конференциската сала во хотел „Гогов“.

    По повод Нова Година библиотеката „Кочо Рацин“ организираше промоција на творештвото на Сузана Турунџиева, која се одржа во конференциската сала во хотел „Гогов“.

    Промоцијата ја отвори водителката и поетеса Габриела Костадинова.

    „Драги мои пријатели, верни читатели, подржувачи на нашите манифестации, драги гости се прашувам како да ве поздравам и што да ви посакам во идната година. Убавината си ја имате, среќата ви е во срцето. Да ви посакам ум,ама тој ви е достапен за да живеете така како што сакате. Да ви посакам љубов, ама зошто ви е кога сите околу Вас ве сакаат. Тогаш ќе ви посакам верба, цврсто да верувате во себе и умерено да чекорите по патот на животот.“- им се обрати на присутните Габриела.

    Потоа  ја поздрави и гостинката Сузана Турунџиева за која рече дека е жена чие срце е полно со љубов,чувствителна, емотивна, ранлива, водителка, музички уметник и пред се писателка која има напишано седум книги, во кои главната улога ја има љубовта, љубовта кон саканиот,љубовта на мајката кон своето дете, љубовта кон родителите и сл.

    Биографијата за Сузана ја прочита директорката на библиотеката Јасмина Цековска.

    Промоцијата започна со збирката „Моите зборови-мојот живот“ збирка со авторски мисли и цитати. По збирката „Моите зборови-мојот живот“, професорката по македонски јазик Јулија Велковска прочита дел од рецензијата на романот „Љубов и грев“-роман посветен на сите чисти срца, на сите борци кои се зрели да бидат одликувани со љубовен орден.

    Во продолжение директорката Јасмина Цековска прочита дел од рецензијата на романот „Животот не е бајка“ посветен на мајката на Сузана Турунџиева.

    За книгата „5 минути“ Габриела Костадинова напиша своја рецензија, даде свој критички осврт, книга која во изминатиот период беше една од најпромовираните низ библиотеките во Македонија.

    По повод Нова Година библиотеката „Кочо Рацин“ организираше промоција на творештвото на Сузана Турунџиева, која се одржа во конференциската сала во хотел „Гогов“.

    Промоцијата заврши со преставување пред гостите и читателите на самата писателка Сузана Турунџиева.

    -Мислев дека имам само музички талент, но откако го открив својот талент за пишување, создавам неуморно, пишувам, понекогаш и по два-три дена во континуитет, се додека она што сакам да го упатам како порака до читателите, кои стануваат се побројни, рече Турунџиева.

    Таа истакна дека некои од делата се инспирирани од вистински настани и случки, некои пак, додаде, се плод на имагинацијата, но без исклучок, носат важни пораки.

    -Во ова модерно време на живеење, со секакви електронски и информатички технолошки средтсва, се заборава на комуникацијата, на емпатијата, на искреноста, на човекољубието, на простувањето…на љубовта воопшто, која еосновен двигател и катализатор на процесите на симбиоза на луѓето каде љубовта е основа , почеток и крај на се, додаде Турунџиева.

     

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...