На 31-ви октомври, (понеделник) 2016 година , со почеток во 12 часот, во Хотел “ГОГОВ” Пехчево , ќе се одржи втората сесија од буџетски форум, во организација на Општина Пехчево со цел креирање на буџетот на општината за 2017 година.
Почнувајќи од 10-ти Октомври заклучно со Декември, ќе се одржат 5 форумски сесии, со цел партиципативно и транспарентно изготвување на буџетот на општината за 2017 година заедно со граѓаните.
Накратко кажано креирање на буџет по мерка на граѓаните!
Буџетскиот форум е форма преку која граѓаните, општинската администрација, бизнис заедницата, граѓанското општество и воопшто сите чинители на општествениот живот во општината на систематизиран начин го креираат општинскиот буџет согласно на потребите на заедницата.
Го покануваме сите заинтересирани граѓани кои имаат можност да дојдат и бидат дел во креирањето на буџетот за 2017 година, согласно нивните потреби и приоритети.
Дневен ред
на втората форумска сесија
12:00 – 12:15 | Добредојде на присутните
Дневен Ред Цели на II Форумска Сесија
|
|
12:15 – 12:25 | Усвојување на записникот од I Форумска Сесија
|
|
12:25–12:35 | Приоритети за развој на Општина Пехчево за 2017 година
Презентација на предлозите од Општина Пехчево , Дискусија и прашања
|
|
12:35–13:00 | Преглед на планирани/реализирани приходи на Општина Пехчево за 2016 година до 30.09.2016 година
Презентација и дискусија
|
|
13:00 – 13:15 | Пауза
|
|
13:15–13:40 | Проекција на приходи на Општина Пехчево за 2017 година
Презентација, дискусија и предлози од граѓаните за можности за зголемување на приходи на Општина Пехчево
|
|
13:40 – 14:00 | Презентација на планирани расходи по буџетски програми и избор на програми за дискусии на следните сесии
|
|
14:00–14:30
14:30– |
Утврдување на следни чекори,
Инструкции за работната група за приходите , Информација за термин за III Форумска Сесија Оценка на форумската сесија
Коктел |