-1.9 C
Pehčevo

    „Игри без граници“ во Пехчево по повод Недела на детето

    Датум:

    Како и во изминатите, така и оваа година првата недела од месецот октомври во детската градинка „7 Септември“ во Пехчево беше одбележана со низа пригодни активности по повод светската недела на детето. Градоначалникот Поповски, во рамките на одбележување на Светската недела на детето, денеска ја посети детската градинка ,, 7 Септември ‘‘.

    Недела на детето

    За таа пригода децата од сите групи подготвија разновидни пријатни изненадувања за градоначалникот, а денот му го збогатија со детска насмевка, детски џагор, со песни за есента и правата на децата.

    -Изразувам радост која сакам да ја споделам меѓу сите и да покажам дека се е посилно кога сме заедно, па и радоста тогаш е поголема. Од голема важност е оваа недела како светска недела на детето, кога треба да се зборува за правата на децата. Сите деца имаат право да живеат во демократско и хумано општество, во кое постојат услови за младите од сите возрасти, па и оние најмалите, добро да се подготват за предизвиците и промените со кои ќе се судрат во утрешнината која доаѓа. Минувајте го слободното време во дружење, спортување, учење, истакна Поповски.

    Недела на детето

    Во рамки на одбележувањето на Детската недела, оваа година во Пехчево се одржа и традиционалната манифестација „Игри без граници“. Околу 200 деца од предучилишните установи од Пехчево, Берово, Делчево, Македонска Каменица, Виница, Штип, Кочани, Пробиштип, Свети Николе и Чешиново Облешево учествуваа на традиционалната манифестација “Игри без граници”, која се оддржа во спортската сала „Јане Сандански, а технички организатор беше детската градинка„7 Септември“-Пехчево.

    Недела на детето

    Манифестацијата се организира во рамки на одбележувањето на Детската недела. Децата се натпреваруваат во повеќе дисциплини, наманети за нивната возраст преку кои се развива натпреварувачкиот дух, но воедно оваа манифестација овозможува децата да се дружат и меѓусебно да се запознаваат, вели директорката на пехчевската градинка Гордана Вазлиска.

    Недела на детето

    Градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски присуствуваше на настанот, ги поздрави учесниците, гостите и сите присутни во салата и ги прогласи игрите за отворени.

    -Прекрасно е чуството да се дружите со помладите генерации, со иднината на нашиот град на нашето општество и да видите дека се движат во вистинска насока. Сакам да им се заблагодарам на сите директори, воспитувачи на градинките од нашиот источен регион кои што се потрудиле да ги донесат дечињата во Пехчево да им обезбедат една убава забава која денес ќе ја имаат во нашиот град. Им посакувам многу успех, многу натпреварувачки дух и да победат најдобрите.

    Недела на детето

    На крајот на манифестацијата директорката Гордана Вазлиска на сите учесници им додели пехари одбезбедени од детската градинка „7 Септември“.

    Игрите без граници се одржуваат традиционално, тие се можност за другарување, негување и поттикнување на здрав спортски живот на децата од најмала возраст и очигледно наидуваат на неизмерна радост и задоволство на сите.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...