6.7 C
Pehčevo

    Саша Ковачевиќ ќе биде главна ѕвезда на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2016

    Датум:

    Фестивал - Билборд 2016

    Жешки ноќи во Пехчево најавува шестото издание на Фестивалот на трубите во Пехчево. Малешевијата ќе ечи од виртуозите на труба, од 13 до 16 јули.

    Традицијата на трубите во Малешевијата, понудена како атракција на натсвирување на македонските виртоузи на труба, претставува туристичка понуда за гостите во Малешевијата, но и економски бенефит за локалната економија.

    Најреномираната културна манифестација во Малешевијата и поширокиот регион годинашното 6-то издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2016 и овојпат, согласно реномето, ќе понуди врвни музички доживувања.

    sasa kovacevic

    Миленикот на младите, но и на постарите Саша Ковачевиќ на 16 јули ќе одржи голем концерт на плоштадот Св. Петар и Павле во Пехчево.. Сите негови старо-нови хитови присутните во публиката Пехчевци ќе имаат ретка привилегија заедно со него да ги отпеат во еден здив.

    Миле Кузмановски, Силви бенд, Дувачки оркестар Џамбо агушеви, Дувачки оркестар Уска – Кан, Дувачки оркестар Бојан Ристич – Република Србија, Дувачкиот оркестар и мажоретниот состав од Ловеч – Република Бугарија ќе бидат дел од четиридневниот фестивал на трубите во Пехчево. Покрај познатите музички имиња во ревијалниот дел ќе настапат познати македонски и бугарски диџеи, и тоа Dj Brass Brothers, Dj Marga de sol , DJ Mats, Dj Marek, Dj IKE DE KOKA + LASER HARP.

    Во функција на фестивалот се ставени и сите расположиви сместувачки капацитети, а оваа година посетителите ќе имаат можност да се сместат во новоотворениот прекрасен Хотел ,,Гогов“ во Пехчево. За овој веќе традиционален спектакл на трубата, Пехчево е подготвено да пречека над 60 илјади гости во четирите фестивалски вечери.

    На плоштадот е планирано поставување на штандови со скара и пиво. Инаку, во натпреварувачкиот дел се очекуваат најголемите виртуози на трубата од Македонија, а пријавувањето на учесниците е во тек. Наградите, златната труба, труба и тапан ги обезбедува Општина Пехчево и спознорот ДО РЕ МИ.

    Доколку сакате незаборавна вечер и одлична забава, Ви препорачуваме нека тоа биде една Ваша убаво помината летна јулска ноќ во Пехчево.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...