-1.3 C
Pehčevo

    Продолжува инфраструктурниот развој на општина Пехчево. Започна изградба на улица во село Црник

    Датум:

    Со програмата на Владата за рурален развој, општина Пехчево обезбедува средства за подобрување на животот во руралните средини преку реализација на конкретни проекти.
    За разлика од изминатите години, пополека се решаваат различните инфраструктурни проблеми во селските населби но и во градот Пехчево.

    Денес беше означен стартот на градежните работи за изградба на улица во село Црник.
    Денес беше означен стартот на градежните работи за изградба на улица во село Црник. Улицата ги поврзува горниот и долниот дел на селото во близина на подрачното училиште Ванчо Китанов. На отпочнување на градежните работи присуствуваше и градоначалникот Игор Поповски, кој истакна дека во ова село ќе се гради улица во должина од еден километар.
    -Се гради и во градот и во селата. Повеќе од две децении жителите на село Црник имаа потреба од изградба на оваа улица. Еве денес сме овде да го означиме стартот на изградбата на оваа улица.Инвестицијата е во вредност од околу четири милиони денари, кои се обезбедени преку Агенција за финансиска поддршка на руралниот развој и Владата. Ова е еден од трите проекти низ селата преку Агенцијата, кои се превдидени за реализација до крајот на годината. Наша цел е да обезбедиме услови за враќање на луѓето бидејќи овде има многу квалитетно земјоделско земјиште. Ние сме задоволни затоа што овие граѓани кои живеат тука, но и тие што поминуваат отсега тоа ќе го прават по уредена улица, рече градоначалникот Поповски.

    Денес беше означен стартот на градежните работи за изградба на улица во село Црник.
    Поповски најави дека и во иднина ќе продолжи да се менува и подобрува ликот на општината, условите за живеење на жителите со континуирано вложување во инфраструктурниот развој, од кој во основа зависат многу сегменти во секојдневието.
    Ваков обемен инфраструктурен проект досега не е забележан во поновата историја на село Црник, со кој на најдиректен начин во огромна мера се подобрува стандардот на жителите од оваа населба која е со поголема концентрација на население.
    Проектот се реализира со средства од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој,со вкупна вредост од 4.171.219 денари, а по претходно објавен оглас на кој општина Пехчево аплицираше со три проекти, меѓу кои и проектот за асфалтирање на улицата до археолошкиот локалитет Св. Петка, а во фаза на реализација е и реконструкцијата на фекалната канализација во село Умлена.
    Оваа мерка на Владата на Република Македонија ја покажува намерата за подобрување на квалитетот на живот во рурални средини, обнова и развој на селата и зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...