Почитувани граѓани,
Општина Пехчево ве поканува да присуствувате на Јавниот собир кој ќе се одржи во салата при Домот на културата ,, Јане Сандански “ – Пехчево во петок на 09.10.2015 година со почеток во 12 часот.
Јавниот собир ќе биде на тема ,,Затварање на помалите депонии и депониите кои преставуваат висок ризик кон животната средина и парцијално затварање на останатите депонии, кои би останале оперативни, вклучувајќи ги количините на отпад од општините чии што депонии би биле веднаш затворени и отварање на Регионални центри за управување со отпад “. Имено се работи за затворање на депонијата во Берово и депонирање на отпадот од беровската општина на депонијата во Пехчево во преодниот перијод 2016-2020.
На Јавниот собир ќе бидат присутни претставници од Министерството за животна средина кои ќе го претстават проектот и ќе дадат објаснување на прашања во врска со истиот.