Општина Пехчево ги повикува угостителите да бидат дел од спектаклот во Пехчево, јубилејниот 5 –ти Фестивал на дувачки оркестри , Пехчево 2015. За таа цел, Општината ги информира сите заинтересирани угостители од Пехчево и од цела Македонија да поднесат барање за закуп на простор на плоштадот во Пехчево.
Барањето може да се пополни во локалната самоуправа на пријавницата или барањето може да се симне и од веб- страницата на Општината,www.pehcevo.gov.mk. Подетални информации можат да се добијат и во Одделението за урбанизам или на тел: 033/441-321.
Општина Пехчево , како и претходните години, очекува голем интерес од угoстителите, поради самиот факт што за време на овој четиридневен настан, се очекуваат над 50 илјади гости да го посетат Пехчево. Една од целите на фестивалот, покрај афирмација на дувачките оркестри од земјава, е и да придонесе во промоцијата на Пехчево со сите свои природни убавини како дел од Малешевијата и да стане задолжителна турситичка дестинација во летниот период што од друга страна ќе донесе и добар економски бенефит за локалната економија.
Фестивалот ќе се одржува од 10 до 13 јули,веќе е договорен настапот на познати македонски естрадни увезди, а за Павловден, кога е и празникот на градот, ќе биде организиран и традиционалниот саем на ракотворби.