-1.3 C
Pehčevo

    Одлична соработка на Општина Пехчево со Месните заедници

    Датум:

    Градоначалникот на општина Пехчево, ги посети месните заедници Црник и Панчарево. Целта на средбата беше жителите од овие месни заедници, да се запознаат со проектите кои општината во иднина планира да ги реализира во овие населби, со средства предвидени за 2013 – 2014 година, но и да ги слушне градоначалникот приоритетите и проблемите на жителите, се со цел подобрување на животниот стандард, развој на економијата и создавање на поволна бизнис клима, решавање на комунални и инфраструктурни проблеми, поквалитетно образование, социјална заштита и здравство.

    Посета

     

    Низ разговорите провејуваа повеќе теми – Легализирање дивоградби, осветлување, барања за решавање на комунални проблеми и инфраструктурно подобрување, прашања од областа на социјалата и побезбеден сообраќај се дел од барањата на жителите од двете месните заедници, а брзо решавање на овие проблеми се плановите на Локалната самоуправа, предводена од градоначалникот Игор Поповски.

    ,, Ги сослушавме сите барања од жителите и се разбира дека треба многу да се направи затоа што сеуште има места каде што има проблем со водоводната мрежа, некаде со канализација, со патна инфраструктура, улично осветлување итн., но затоа постои Локална самоуправа и се трудиме колку што може да ги решаваме ваквите проблеми. Тие се веќе упатени, свесни се и искусни дека сето тоа неможе да се направи во една сезона и точно знаат на кој начин, кој проект и како се финансира. Ние веќе имаме проекти за овие села, кои се аплицирани до Европска банка, до Светска банка, проекти поддржани од ресорните министерства, од буџетот на Општината, а за сето тоа динамиката ја прават оние кои се надлежни ’’, изјави градоначалникот Игор Поповски.

    За 2013 та година дефинирани се сите предвидени проекти и констатирано е дека истите ќе бидат реализирани идната година, а најмногу од нив и пред истекот на оваа година.

    Посета

    Градоначалникот на општина Пехчево, ги посети месните заедници Црник и Панчарево.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...