4.7 C
Pehčevo

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

    Датум:

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана од страна на „Кожувчанка ДОО“ Кавадарци на Општина Пехчево за време на пожарите, денеска беше донирана на дел од институциите во Општина Берово од страна на Општина Пехчево.

         Во Општина Берово водата не е дозволена за пиење и готвење и се користи само како техничка вода, па донацијата би им била од голема помош на институциите во кои е донирана: Домот за стари лица Д-р Иван Влашки, Детската градинка 23 -ти Август, Дневен центар за лица со посебни потреби и Мал групен дом.

         Благодарност до приватните компании Требомир ДООЕЛ увоз – извоз – Пехчево и „Малеш – пелети“ – Пехчево што ни овозможија полесен и побрз транспорт на водата.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    ADRISKY

     Пехчево домаќин на третиот проектен состанок на ADRISKY Општина...

    Донација на книги во ОУМБ “Кочо Рацин“- Пехчево

    Општина Пехчево, зa локалната Библиотека, обезбеди донација од американската...

    Дневен ред за 38-ма седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена за плански документ

    Врз основа на член 65, став (6) од Законот...