Со цел навремено да се согледаат можните негативни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето, како и социо – економските аспекти од реализација на Проект за инфраструктура-линиска инфраструктурна градба за мала хидроелектрична централа на река Брегалница – МХЕЦ 329, КО Пехчево, општина Пехчево, согласно член 65, став 2 од Законот за животна средина („Сл. Весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13 183/13 и 42/14), се наложи потребата за спроведување на Стратегиска оцена на животната средина.
Извештаите за стратегиска оцена на животната средина согласно член 66 став (5) од Законот за животна средина се потпишани од лице кое е вклучено во листата на експерти за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина која ја води Министерствотото за животна средина и просторно планирање и истите се изработени од Консултантското друштво ЕНВИРО РЕСУРСИ ДОО – Скопје.