Со спектакуларен огномет, по примерот на големите градови, голем број граѓани Новата година ја дочекаа на Плоштадот во Пехчево. Во одлична атмосфера присутните си посакаа среќа, здравје и љубов.
Меѓу присутните беше и градоначалникот Поповски, кој на сите граѓани им ја честиташе новата година.
-Во претстојната 2015 година посакувам да ги оствариме сите планови за подобар живот, да бидеме здрави, работливи и вредни, посакувам секој од нас да се радува на своите успеси, како што тоа го правевме во годината која изминува. Да се радуваме на своите успеси во професијата, на успешниот работен ден. Да се радуваме на успесите во школувањето, на стекнатото знаење и проширените погледи кон светот. Посакувам да се радуваме на проширувањето на семејството и на семејните слави и веселби, истакна Поповски.