6.7 C
Pehčevo

    ,, Стоп за катастрофите ’’ е мотото на есенската акција ,, Ден на дрвото – засади ја својата иднина ’’

    Датум:

    Ден на дрвото

    Под мотото ,, Стоп за катастрофите ’’, на 03.12.2014 година (среда), општина Пехчево со засадување на 20000 садници ќе се вклучи во 13-тата акцијата ,, Ден на дрвото – засади ја својата иднина ’’.

    20000 садници црн бор резервирани за акцијата во среда ќе се засадат на Буковик 8 км оддалеченост од градот Пехчево, како и на м.в Елата зад улица ,,Велко Влаховиќ,,

    Градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски, ги повикува сите граѓани на општината да се вклучат во есенската акција ,, Ден на дрвото “.

    ,, Ги повикувам сите жители на Пехчево на 03.12.2014 г. (среда) да земат учество во акцијата ,, Ден на дрвото – засади ја својата иднина ’’ и со засадување на што повеќе садници да придонесат кон унапредување на животната средина ’’- истакна градоначалникот Поповски.

    За превоз до  Буковик обезбедени се теренски возила, додека акцијата ќе започне од 8 часот, место на поаѓање е пред зградата на локалната самоуправа.

    Во акцијата ќе бидат вклучени и учениците од ООУ ,, Ванчо Китанов “, од I до VI одделение и ќе бидат ангажирани во активности за еколошко уредување и засадување на шумски садници во училишниот двор, додека учениците од VII до IX одделение ќе бидат вклучени со засадување на шумски садници на најблиската локација до училиштето.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...