По повод ослободувањето на Пехчево 7-ми септември, локалната самоуправа традиционално и оваа година со свечена прослава го одбележа овој празник. Пехчево во минатото даде великани, имиња кои ги изговараме со смирена благонаклоност и со голема почит.
Денот на ослободувањето на Пехчево, кој оваа година се празнува по 70-пат, беше одбележан со повеќе свечености на кои присуствуваа голем број гости од општината, како и претставници на институциите и организациите со кои Општината остварува успешна соработка.
Во рамки на одбележувањето на 7 Септември, чествувањето започна во 10 часот пред Споменикот на Ванчо Китанов, каде цвеќиња положија, сестрата на Ванчо Китанов, делегација од локалната самоуправа, Советот на општина Пехчево, делегација од детската градинка ,, 7 Септември ’’ и ООУ. ,, Ванчо Китанов ‘‘.
На свечената седница на Советот на Општина Пехчево, Претседателот на Советот Стојче Стефановски ги додели општинските награди и признанија за 2014 година, кои Општината ги доделува за особени постигнувања и резултати на поединци и институции.
Наградата за ,, 7-ми Септември “ за 2014 година општина Пехчево ја додели на следните добитници:
– Бранко Бојчевски -За најзаслужен граѓанин на општина Пехчево;
– Нова Рефрактори – најзаслужна фирма во општина Пехчево;
– Центар за лековити билки и шумски плодови ,, Амброзија “ – НВО со најголем придонес и соработка со општина Пехчево;
– КУД ,, Јане Сандански “ – за најголем допринос и соработка со општина Пехчево;
– Здружение на пензионери – за општ придонес во општина Пехчево.
Програмата по повод празникот беше збогатена и со презентација на отчетот на градоначалникот на општина Пехчево, за сработеното, презентација на ОЈУДГ ,, 7 Септември “ за активностите кои ги спроведува детската градинка и поетско читање во чест на градот Пехчево и првоборецот Ванчо Китанов од страна на Габриела Костадинова.
Чествувањето во рамки на централната манифестација продолжи во детската градинка ,, 7 Септември “,каде традиционално на овој ден секоја година по повод патрониот празник на градинка, беше организиран коктел на кој беа поканети сите граѓани на Пехчево.
Празнувањето е планирано да продолжи во 19 часот на градскиот плоштад во Пехчево каде ќе се одржи пригодна манифестација на која ќе настапат:
-Женската играорна група при Домот на културата ,, Јане Сандански “
-Настап на хорот на пензионери од Пехчево
-Настап на тамбурашкиот оркестар при ОУ Домот на културата ,, Јане Сандански “ – Пехчево