1.6 C
Pehčevo

    Eднодневен тренинг на тема: „Основи на велосипедизмот ( теорија и пракса )“

    Датум:

    Денеска Општина Пехчево во соработка со ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево и Вело Училиштето – Скопје, организираше еднодневен тренинг на тема: „Основи на велосипедизмот ( теорија и пракса )“. Дел од учениците од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево под раководство на нивните наставници по физичко образование, а придружувани од претставници од Општина Пехчево, медицински тим од ЈЗУ „Иван Георгиев“ – Пехчево и полициски службеници од ПС од општа надлежност – Берово и Гранична полиција – Пехчево, возеа велосипеди од Пехчево ( „Плоштад Свети Петар и Павле“ ) до „Едукативен центар во село Негрево – Пехчево“. Од страна на претствник од Вело училиште, на учениците учесници во активноста, во дворот на Едукативниот ценатр им беше презентирано како треба правилно да управуваат со велосипедите, која заштита опрема треба да ја носат, како да се справат во случај на проблем со велосипедот и сл. После теоретското предавања учениците продолжија со возење на велосипедите по „Патеката на Петко и шумските жители“ и се вратија во Пехчево. Тоа за нив беше едно ново интересно, едукативно доживување во природа.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    БУЏЕТСКИ ФОРУМ ЗА 2026

    БУЏЕТСКИ ФОРУМ ЗА 2026 НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО На 24.11.2025 и...

    Дневен ред за 3-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Локалниот младински совет од Пехчево оствари посета на Младиснкиот центар во Пробиштип и Младинскиот хаб во Штип

    Овој викенд претставници на Локалниот младински совет и Локалното...