Општинската јавна установа Матична библиотека ,,Кочо Рацин” од Пехчево вечерва на пригоден настан насловен ,,100 години – Библиотека” одбележа 100години од своето постоење. Настанот се организираше во соработка со Општина Пехчево и локални институции, кои заеднички подготвија пригодна музичка програма.
Првите податоци за постоењето на библиотеката во Пехчево, како што истакна директорката Габриела Костадинова, се пронајдени во пишан документ од 20.04.1924 година под името Читална Пехчевска матица.