Општина Пехчево ги известува граѓаните на општината дека согласно на Договорот за под-заем бр. МСИП/34 со Министерството за финансии на Република Македонија преку Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП 2), финансиран со заем од Светска банка, обезбеди финансиски средства за реализација на под-проектот “Изградба на улици во село Робово и село Панчарево”.
Имплементацијата на проектот е предвидено да трае 4 месеци.
Проектот предвидува изградба на 2 улици во село Панчарево со вкупна должина од 859 метри со коловозна конструкција од тампонски слој, ситен песок и завршна обработка со бехатон плочки, додека пак во село Робово предвидена е изградба на улица со вкупна должина од 253 метри која ќе вклучува тампонски слој, ситен песок и завршна обработка со бехатон плочки како и санација на постоечкиот мост.
Вкупната вредност на проектот изнесува 7.705.258,00 МКД.
Подетални информации околу самиот под-проект се презентирани во Проектниот документ или пак директно може да го контактирате лицето Љупчо Каракашовски – Советник за локален економски развој на телефон 033 441 321 лок. 14 и 075 467 503.