-1.3 C
Pehčevo

    Жителите од сите селски населби задоволни од работата на градоначалникот Поповски

    Датум:

    Градоначалникот на Општина Пехчево, Игор Поповски, ја продолжи добрата практика за средба со жителите, имајќи во предвид дека токму таму е изворот на информации за проблемите на жителите на општината.

    Градоначалникот со својот тим ја започна редовната посета на месните заедници во општината, а вчера во агендата за посета беа месните заедници Робово, Умлена и Чифлик.

    Целта на граѓанските средби е да се отворат најбитните комунални теми и најгорливите инфраструктурни проблеми во локалните заедници.

    На средбите, градоначалникот изврши кратка ретроспектива за реализираните проекти во овие месни заедници во изминатиот период, како изградба на канализационен систем во село Чифлик, изградба на асфалтен пат до село Робово, но ги најави и проектите кои во следниот период ќе се реализираат како доизградба на канализациониот систем во село Робово и реконструкција на канализациониот систем во село Робово, изградба на Пандурска улица во село Робово, изградба на улица во село Чифлик и поставување на каналетки за прибирање на атмосферската вода во село Умлена . Граѓаните имаа можност да ги презентираат проблемите со кои се соочуваат, а се во надлежност на локалната самоуправа, при што како најгорливи прашања ги истакнаа проблемите од комунален аспект и проблемите со сообраќајната инфраструктура .

    Градоначалникот на Општина Пехчево, Игор Поповски, ја продолжи добрата практика за средба со жителите, имајќи во предвид дека токму таму е изворот на информации за проблемите на жителите на општината.

    -Доколку не ги утврдиме проектите кои се од интерес на нашите жители нема развој на општината. Многу е важно да знаеме што ви е потребно, затоа и правиме посета, многу е важно да се знае каде инфраструктурно да се реагира, кои улици се приоритетни, каде треба водовод, канализација, паркови, клупи, игралишта и друго, затоа што во интерес на општината и на граѓаните е решавањето на овие проблеми. Тоа значи, ако им ги слушнеме и им ги решиме проблемите ние како локална самоуправа сме ја исполниле својата функција, а таа е токму поддршка на граѓаните – изјави градоначалникот Поповски.

    Овие денови јавното претпријатие Комуналец со своите екипи и целокупната механизација ќе бидат присутни на терен во сите села во општината, каде што ќе спроведуваат акции од нивната надлежност, истакна директорот на јавното комунално претпријатие Комуналец Ванчо Секуловски.

    Градоначалникот на Општина Пехчево, Игор Поповски, ја продолжи добрата практика за средба со жителите, имајќи во предвид дека токму таму е изворот на информации за проблемите на жителите на општината.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...