Отпочнаа градежните работи за реализирање на проектот „Доградба на тоалети на новоизградени училници на подрачното училиште во село Црник, Општина Пехчево“. Финансиските средства за реализација на овој проект се обезбедени од страна на Мнистерството за транспорт и врски согласно Јавниот повик за поднесувања на барања за користење на средства за 2023 година, Институтот за истражување и анализи на политики – Ромалитико, Општина Пехчево и ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево.