-1.2 C
Pehčevo

    Промена на прозорци во салата во Домот во село Црник – Пехчево

    Датум:

    Општина Пехчево со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа преку годишните планови и програми за интегрирани активности од Стратегијата за Роми и националните акциски планови го реализираше проектот „Промена на прозорци во салата во Домот во село Црник“ – Пехчево. Проектот е во вредност од 156.948,00, од кои 117.535,00 денари се средства обезбедени од страна на Министерството за локална самоуправа додека 39.413,00 денари се средства обезбедени од Буџетот на Општина Пехчево.
    Промената на прозорците во салата во Домот во село Црник е од големо значење за населението во селото, затоа што претходните прозорци беа искршени и уништени, а населението овој дом го користи за разни културни манифестации и програми кои ги организира локалното население, а пред се младите во селото.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    БУЏЕТСКИ ФОРУМ ЗА 2026

    БУЏЕТСКИ ФОРУМ ЗА 2026 НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО На 24.11.2025 и...

    Дневен ред за 3-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Локалниот младински совет од Пехчево оствари посета на Младиснкиот центар во Пробиштип и Младинскиот хаб во Штип

    Овој викенд претставници на Локалниот младински совет и Локалното...