3.7 C
Pehčevo

    ЖФК Тиверија го освои Купот на Македонија во женска конкуренција

    Датум:

    Куп Македонија1

    Струмичка Тиверија е новиот освојувач на трофејот во фудбалскиот Куп на Македонија во женска конкуренција, откако вчера попладнево во финалето кое се одигра на стадионот на ФК„Кит-го“ во Пехчево го совлада тимот на ЖФК Драгон од Скопје со убедливи 5:0.

    Куп Македонија2

    Тиверија апсолутно доминираше на финалниот меч кој се одигра во убав амбиент во Пехчево.

    По првиот дел, струмичанки имаа еден гол предност, а доминацијата ја потврдија со дури четири погодоци во второто полувреме.

    Пред финишот на првите 45 минути, во мрежата на драгонки погоди Теодора Димоска, а потоа автори на погодоци беа уште капитенката Александра Ристовска, Рабиа Дервиши и Ангела Стојковска која беше двоен стрелец.

    Пехчевци се покажаа како одлични и дисциплинирани навивачи бодрејќи ги и двете екипи, а општина Пехчево како одличен домаќин на финалето во женскиот фудбалски Куп на Македонија.

    Куп Македонија3

    Трофејот за освоениот Куп на Македонија на фудбалерките на ЖФК Тиверија им го додели членот на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, Светозар Станковски.

    ФФМ за прв пат организира едно големо финале во крајниот исток и тоа во Пехчево, што значи уште една афирмација на спортот во овој дел на Македонија.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...