-2.6 C
Pehčevo

    Здравје, љубов, ширење милост, живот со радост и среќа посакува градоначалникот Тренчовски по повод новогодишните празници

    Датум:

    ГрадоначалникПочитувани граѓани на Општина Пехчево,

    Драги пријатели,

    Ценети соработници,

    Новата година отсекогаш ги буди најискрените чувства и очекувања кај секој од нас.

    Затоа сите ние со нетрпение очекуваме старото што побргу да помине, за новото да дојде и со себе да донесе нова надеж. Надеж дека во годината што доаѓа ќе имаме здравје, ќе шириме љубов и милост, ќе живееме во радост и во среќа. Надеж дека таа радост ќе можеме да ја споделиме со нашите блиски.

    Затоа, да им посветиме љубов и внимание на нашите семејства, на нашите деца, на нашите соседи и пријатели.

    Да бидеме солидарни кон болните, немоќните и кон секој што има потреба од наша поддршка и помош.

    Драги сограѓани,

    Имаме одговорност пред граѓаните на општина Пехчево, дека во новата 2020 година Пехчево ќе биде посилно и поуспешно, отколку во претходните години. Затоа, сплотени, со чувство за одговорност да продолжиме да го градиме Пехчево според највисоките европски вредности, стандарди, критериуми. Ве уверувам дека како и досега ќе продолжиме со посветена и чесна работа.

    Драги пријатели,

    Да си простуваме и да се почитуваме.

    Да бидеме и упорни и трпеливи.

    И, во сè што правиме, да се престигнуваме во добрина.

    Празниците што ни доаѓаат во секој наш дом нека донесат семејна радост, љубов и среќа. Да имаме мир, напредок и успех насекаде и за секого.

    Ви посакувам среќна и бериќетна Нова 2020-та година!

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...