Во дворот на Детската градинка „7 Септември“ денеска се одржа забава наменета за мини матурантите кои од септември ќе заминат на училиште. По тој повод со пригодна културно уметничка програма, децата се простија од градинката. На прославата присуствуваа и нивните родители, а воспитувачките им доделија дипломи. Дечињата со одличен музичко поетски и говорен перформанс пред своите родители на забавен начин се збогуваа од градинката.