-2 C
Pehčevo

    Заврши реконструкцијата на фекалната канализација во село Умлена

    Датум:

    Општина Пехчево деновиве заврши со реализација на уште еден проект кој е од витално значење за граѓаните. Заврши реконструкцијата на фекалната канализација во село Умлена, проект кој локалната самоуправа го доби преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој на РМ.
    Општина Пехчево продолжува посветено да работи на реализација на што поголем број проекти од сите области, кои се од значење за подобрување и поквалитетен живот на граѓаните во Пехчево и во останатите селските населби во општината.
    Градежните активности за подобрување на комуналната инфраструктура во општина Пехчево продолжуваат со засилена динамика.

    Општина Пехчево деновиве заврши со реализација на уште еден проект кој е од витално значење за граѓаните. Заврши реконструкцијата на фекалната канализација во село Умлена, проект кој локалната самоуправа го доби преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој на РМ. Проблемот кој го имаа жителите на село Умлена со фекалната канализација, конечно ќе стане минато. Изведувач на работите е фирмата СД Транс-Делчево, а општината преку Агенцијата за рурален развој за реализација на овој проект доби 1,234,514 денари.
    Со овој зафат приклучок во канализационата мрежа ќе добијат неколку семејства со што трајно се решава проблемот на одведување на отпадните води, кое пак од друга страна придонесува за зачувување на здрава животна средина.

    Општина Пехчево деновиве заврши со реализација на уште еден проект кој е од витално значење за граѓаните. Заврши реконструкцијата на фекалната канализација во село Умлена, проект кој локалната самоуправа го доби преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој на РМ.

    Градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски истакна дека конечно е решен еден од најгорчливите проблеми во с.Умлена.
    -Ми претставува големо задоволство што деновиве го решивме еден од нагорчливите проблеми на жителите во село Умлена. По многуте години кога жителите речиси немаа канализациона мрежа и се справуваа со влагата и миризбата, конечно го решивме овој проблем и ја реконструиравме фекалната канализација. Токму заради тоа аплициравме до Агенцијата за рурален развој и го добивме проектот кој изнесува нешто повеќе од 1 милион денари и на тој начин инвестиравме во еден поквалитетен живот на денешните, но и на идните генерации во Умлена, истакна Поповски.

    Со овој проект ќе се подобрат условите за живот на жителите од село Умлена, а воедно ќе се придонесе и од аспект на заштита на животната средина.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...