-2.6 C
Pehčevo

    Завршен настан за промоција на резултатите од проектот ,, Намалување на СО2 и заштеда на финансии преку замена на фосилното гориво со обновлив извор на енергија во претшколската установа во Пехчево “

    Датум:

    Стариот котел за парно греење на нафта во детската градинка во Пехчево е заменет со нови котли за греење со пелети.

    На ден 27 ноември 2015, со почеток во 12:00 часот во просториите на Општинска јавна установа – Детска градинка „7 Септември“ – Пехчево ќе се одржи завршен настан за промовирање на резултатите од проектот „Намалување на СО2 и заштеда на финансии преку замена на фосилно гориво со обновлив извор на енергија во претшколската установа во Пехчево“. Станува збор за проект финансиран од Глобален еколошки фонд – Програма за мали грантови Македонија кој во Пехчево го имплементира Здружението – Центар за лековити билки и шумски плодови „Амброзија“ во партнерство со општина Пехчево и Детската градинка „7 Септември“ – Пехчево.

    Проектот се имплементира во периодот ноември 2014 – ноември 2015 година, а истиот произлезе како резултат на потпишан Меморандум за соработка помеѓу Глобален еколошки фонд – Програма за мали грантови Македонија и Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија, преку кое во последните години во опшина Пехчево се имплементирани низа на успешни проекти.
    Генерална цел на проектот е: Намалено влијание од климатски промени преку намалено испуштање на СО2 во Пехчево.

    Котел на пелети

    Преку овој проект ОЈУДГ „7 Септември“ – Пехчево доби два нови котли за греење на биомаса – пелети, наместо досегашниот дотраен котел на фосилно гориво – нафта, а беа одржани и три обуки со вработените во детската градинка за зголемена свест за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.
    Проектниот тим Ве поканува да присуствувате на настанот и поконкретно да се запознаете со резултатите од проектот.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...